Мени

„Толи Зордумис„ ќе добие нови училници

05.08.2010 13:16 | KumanovoNews

 Утре ќе започне изградбата на четири нови училници во основното училиште „Толи Зордумис„. Училниците ќе бидат наменети за учениците од 5 до 8 одделение со настава на албански јазик.

„Толи Зордумис„ ќе добие нови училници

 Училиштетео „Толи Зордумис„ е мултиетничко и во него се изведува настава на македонски и албански јазик. Со овие училници треба да се подобри квалитетот на наставата и просторните услови во училиштето - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Објектот треба да се заврши за педесетина дена, а ќе чини 12,5 милиони  денари што се обезбедени од буџетот на Општината.

Свеченоста на отпочнување на градежните работи е закажана за утре во 11 часот.