Топол бран викендов и следната недела
11.06.2015 11:25
| KumanovoNews
Од утре нашето подрачје постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ.
Во наредните денови тоа ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината. Особено топло ќе биде во понеделни и вторник, кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот за овој период ќе има многу висока вредност меѓу 8 и 9.