Транспарентна Општина - информирани граѓани
Транспарентна Општина е проект што го реализира Заедницата на единиците на локалните самоуправи во 14 Општини во државата.Во рамките на проектот денеска се одржа работлиница во Куманово, на која присуствуваа претставници од различни сектори од Општината, од месните зедници и невладините организации.
Целта на овој проект е да се подобрат формите на комуникацијата помеѓу граѓаните и Општината, заради потранспарентно работење на Локаните самоуправи. Според нашите истражувања Куманово се наоѓа на повисокото место по транспарентоност. Овие работилници имаат за цел, да се види како функионира Општината во поглед на информирањето, по хоризонтална и вертиклана линија внатре во Општината и излевањето на информациите од Општината кон јавноста.Во дискусиите сакаме да слушнеме и кои се начините и формите за прибирање на инфомации од граѓаните до надлежните служби и обратно - вели Ирена Николов, кординатор на проектот од ЗЕЛС.
По завршувањето на овие средби заклучоците ќе бидат вметнати во два предлог документи: план за отвореност на Општината и правилник за проток на инфомации, кој ќе ги содржи унифицираните стандарди за транспарентно известување.