Мени

Тренинг за младите од Балканот

08.02.2010 19:45 | KumanovoNews

Триесетина млади од Македонија, Италија, Хрватска, Бугарија, Романија и Србија на десетдневен семинар  разменуваат искуства на повеќе теми врзани за Европската унија.

Тренинг за младите од Балканот

Студентите и средношколците од државите кои веќе се членки на Унијата и од државите кои претендираат да станат членки, разговараа за предностите, но и за официјалните инситуции на Унијата.

„Семинарот има за цел да ги зближи младите од различните држави, а крајна цел е издавање брошура наменета за младите  од Куманово кои преку неа ќе ги запознаат институциите и предностите кои ги носи членството во Унијата“ - вели, Елена Сарк од младинската организација „Креатива“, која е организатор на семинарот.

Овој тренинг е финансиран од Европската комисија, преку младинските фондови. Младите од организацијата „Креатива“ веќе работеле на 17 слични проекти кои се реализирале во другите држави од Балканот и Европа.