Тренинг за предозираност од дрога
28.06.2012 12:41
| KumanovoNews
Едукативниот тренинг ќе го следат наркозависници кои се на метадонска терапија во Центарот за зависници.
Еднодневен тренинг за предозираност од дроги ќе се одржи утре во Дневниот центар за рехабилитација на корисници на дрога и членови на нивни семејства, кој функционира до Центарот за социјални работи. Едукативниот тренинг почнува во 10 часот, а предавањето ќе го следат корисници на дроги кои се на метадонска терапија во Центарот за зависници. Предавач ќе биде Ненад Николиќ, специјалист по психијатрија.
Тренингот го организира Асоцијацијата за здрави животни навики „Пулс„.