Трет ден поројни дождови во Куманово
05.09.2014 08:10
| KumanovoNews
Последниве три дена во Куманово имаше обилни врнежи од дожд.
Во последните 24 часа во кумановско наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен.
Тие врнежи од дожд беа претежно во раните утрински часови. Во Скопје наврнаа 31, во Дојран 12, Крива Паланка 8, Прилеп 7, Берово, Виница и Лазарополе 6, Крушево 5, Тетово 4, Струмица 3 литри дожд на квадрат. Попладне ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветар - рече Лена Јовановска, дежурен синоптичар.
Слично време не очекува и за време на викендот, а разведување ќе има во четврток следната недела.