Мени

Третина од земјоделците користат течно ѓубриво

02.08.2012 09:04 | KumanovoNews

 Нема голем интерес меѓу земјоделците за употреба на течно ѓубриво.

Третина од земјоделците користат течно ѓубриво

Последниве три години Здружението на земјоделски производители од Куманово од соседна Бугарија во април увезува течно ѓубриво, но за во иднина неизвесно е дали ова ѓубриво ќе се набавува.

Не се едуцирани земјоделците. Тие се навикнати на она класично ѓубриво кое се фрла рачно. Течното ѓубриво е квалитетно и се нанесува за потхранување преку лист на сите култури без разлика дали е раноградинарски производ, житарица, овошки, лозје. Малку е посложено тоа што треба да се употреби трактор и да се бара прскалка. Се плашат ако е веќе житото пораснато да не го згазат и воопшто не сакаат да фрлаат течно ѓубриво. Во другите земји ова е широко распространето. И на саемот во Нови Сад имаа прилика да чујат земјоделците за овој вид на ѓубриво. Колку е поразгрането растението толку е подобро да му се стави течно ѓубре за потхранување - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители.

Тој објаснува дека само 30 проценти од земјоделците во кумановско на нивите фрлале течно ѓубриво.