Три нови случаи на заразени со жолтица
10.09.2014 08:26
| KumanovoNews
Три нови случаи на заразени од жолтица регистрирале од Центарот за јавно здравје Куманово во минатата недела.
Се работи за деца кои се на возраст од 4 до 16 години.
Станува збор за контактно ширење на болеста во две семејства. Остануваат оние мерки како превенција кои претходно беа најавени како одржување на општа и лична хигиена. Се следи епидемиолошката состојба од наша страна - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центар за јавно здравје.
Децата заболени од жолтица се изолирани, не посетуваат настава и се лекуваат на инфективното одделение во Општа болница Куманово.