Трибина за спречување на злоупотреба на визната либерализација
МВР во соработка со невладината организација „Даја“ од Куманово, денес во 18,00 часот во просториите на поранешен Комитет, ќе го имплементира Проектот – “Стоп за злоупотреба на визна либерализација“ со целна група – граѓани, Роми на Општина Куманово.
Преку превентивно - проактивниот концепт на работа „Полицијата поблиску до граѓаните“, Регионалниот центар за гранични работи Север со Одделенијата за превенција при СВР Кумановово и претставници од Министерство за труд и социјална политика, ќе ја продолжат Кампањата за подигање на јавната свест кај граѓаните на РМ. Основната цел на Проектот е преку едукација за правилна употреба на визната либерализација, македонските граѓани денес и во иднина да патуваат во земјите од Европската Унија, без виза со биометриска патна исправа.
На трибината ќе присуствуваат, министерот Неџдет Мустафа, директотот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и претставници на Миграцискиот сервисен центар – Скопје кои ќе ги запознаат присутните граѓани за можностите за работа/студирање во странство, односно за легална миграција, како и преставници од повеќе невладини ромски организации од Куманово.
Најавено е дека на настанот ќе учествува и амбасадорот на Шветска за Р. Македонија, а ќе присуствуваат и претставници на Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија.