Трибина „Закани од повторно воведување на визна либерализација„
22.12.2011 14:12
| KumanovoNews
Заменик министерот за труд и социјалана политика Ибраим Ибраими и советникот Владо Аврамовски, утре ќе зборуваат на трибината на тема „Закани од повторно воведување на визна либерализација„ , која ќе се одржи во Центарот за култура.
Трибината ја организира Министерството и Ромскиот информативен центар, а поканети се да присуствуваат претставници од повеќе невладини организации. Од Центарот за социјални работи ги повикуваат граѓаните што се заинтересирани за оваа проблематика да дојдат на трибината. Почетокот е закажан во 18 часот.