Тројца кумановски лекари меѓу највредните во државата
Психијатарот Виолета Поповска, урологот Јордан Тасковски и неврологот Асипи Хуљуси сите од Општа болница Куманово според бројот на прегледи направени минатата недела се вброија меѓу највредните во државата.
Поповска има 125 прегледи, Тасковски направил 127 прегледи, а Хуљуси реализирал 98 прегледи, покажуваат податоците од Министерството за здравство.
Најголем број прегледи на одделението за инфектологија во Општа болница – Куманово, има реализирано д-р Азиз Бајрами, со вкупно 169 амбулантски прегледи во изминатава недела. За споредба, докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделeние извршил 80 прегледи.
На одделението за дерматовенерологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Виолета Кузмановска, која извршила 82 прегледи, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение направил 79 прегледи.
Видлива е разликата во бројот на извршени амбулантски прегледи и на одделението за интерна медицина , каде најголем број реализирани прегледи има д-р Томица Јанчевски(55), додека негов колега со најмал број прегледи има извршено 27 прегледи.
На одделението за неврологија најголем број прегледи извршил д-р Асипи Хуљуси со вкупно 98 прегледи за една недела, додека докторот со најмал број извршени прегледи на истото одделение реализирал 45 прегледи.
На одделението за ортопедија, најголем број реализирани прегледи има д-р Стефан Трајановски (112), а докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 81 преглед.
На оториноларингологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Фадиљ Малиќи (131),а докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил само 1 преглед.
На офталмологија, најголем број прегледи има д-р Сашко Симов, со вкупно 127, додека докторот со најмал број прегледи од истото одделение направил 13 прегледи.
Најголем број амбулантски прегледи на одделението за педијатрија има реализирано д-р Александра Христова, со 36 прегледи, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение, извршил 4 прегледи.
Најмногу амбулантски прегледи на одделението за урологија има д-р Јордан Тасковски, со извршени 127 прегледи, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение, извршил 26 прегледи.
Најголем број амбулантски прегледи на одделението за хирургија во Општа болница-Куманово, има реализирано д-р Зоран Стојковски, со извршени 98 прегледи, додека докторот со најмал број реализирани прегледи на истото одделение, извршил 60 прегледи.