Мени

ТВ Нова ја загуби дозволата за работа?

11.07.2012 12:35 | KumanovoNews

 На седница на Советот за радиодифузија пред два дена се одземени дозволите за работа на повеќе медиуми во земјава меѓу кои и ТВ Нова од Куманово.

ТВ Нова ја загуби дозволата за работа?

Тие не ја исполниле законската обврска за плаќање на надоместок за вршење на радиодифузна дејност. Оваа одлука на Советот е дефинитивна, што значи дека нема никаков дополнителен рок за подмирување на долгот.

Немаат право на жалба , туку имаат право на тужба пред Управен суд. Претходно субјектите биле предупредени, не се наеднаш одземени доволите. Во рок од 15 дена не ги подмириле обврските кои ги имаат кон Советот за радиодифузија. Овој надоместок се плаќа годишно. Треба медиумите кои се без дозвола веднаш да прекинат со емитување на програма - рече Борче Маневски, портпарол на Советот за радиодифузија.

Тој објаснува дека тука нивните надлежности завршуваат, а за одземање на фреквенцијата на телевизиите е задолжена Агенцијата за електронски комуникации. Секое дополнително емитување на програма е на некој начин пиратско, вели Маневски.