„Убавицата и ѕверот“ ќе игра во Кратово
30.08.2014 09:18
| KumanovoNews
Кумановскиот театар вечерва во 19 часот пред платото на Домот на културата “Лазар Софијанов“ во Кратово ќе ја изведе преставата “Убавицата и ѕверот“ во режија на Шенка Колозова.
Прикажувањето на претставата е дел од манифестацијата “Топол културен бран“ која ја реализира Министерството за култура. Во претставата играат Шенка Колозова, Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски и Сања Русевска.