Ученици ќе се натпреваруваат по прва помош
26.05.2012 09:43
| KumanovoNews
Утре Црвен Крст е организатор на натпревар по прва помош, кој наместо во Соколански парк, поради лошите временски услови ќе биде во просториите на Црвен Крст.
Ќе се натпреваруваат шест екипи, од кои четири се од средните училишта во градот, а две од Клубот на млади од Црвен Крст. Секоја екипа има по шест члена. Стручно жири од лекари ќе одлучи кој е најдобар. Најдобрата екипа ќе оди на државен натпревар за прва помош кој ќе се оддржи на осми септември, најверојатно во Скопје.
Ваков натпревар се оддржува со години, практично од самото основање на Црвениот Крст во Куманово.