Мени

Ученици мереа шеќер и притисок на граѓаните

08.10.2012 12:56 | KumanovoNews

 Средношколци од здравствената струка од средното техничко училиште “Наце Буѓони“  во сабота на граѓаните им мереа шеќер во крвта и крвен притисок.

Ученици мереа шеќер и притисок на граѓаните

Од направените мерења е утврдено дека над 60 години граѓаните имаат проблем со покачен крвен притисок , посебно мажите. Граѓаните на возраст од 40 до 70 години имаат зголемено присуство на шеќер во крвта. На овие луѓе учениците и професорите им порачаа здраво да се хранат, да се движат, да не бидат под стрес и да побараат помош од стручни лица.

Акцијата се оддржа на Градскиот плоштад во рамки на манифестацијата Недела на движењето што ја спроведе граѓанската асоцијација ГАРД.