Ученици од Старо Нагоричане на гости кај претседателот Иванов
Ученици и наставници од основните училишта, предводени од градоначалник на Oпштината Старо Нагоричане, вчера присуствуваа на завршната презентација на проектот „ Спорт како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, кој се спроведуваше на иницијатива и под покровителство на Претседателот Ѓорѓе Иванов.
Посетата беше предвидена како краен дел од проектот, за да се информира за почетоците и иницијативата за проектот, да се искаже благодарност до учениците и поддржувачите во самиот проект, како и да се пренесат и споделат идеите за натамошното развивање, планови, насоки и идни активности- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
На презентацијата присуствуваа и амбасадори на САД, Велика Британија и Холандија, претставници на Геостратешки институт „Глобал“, градоначалници на општини каде се спроведуваше проекотот, децата учесници во проектот, поддржувачи, спортски редакции во медиумите, спортски новинари и фудбалски легенди.