Ученици во посета на СВР Куманово
06.05.2015 13:29
| KumanovoNews
Ученици од повеќе основни училишта во градот, денеска беа во посета на СВР Куманово по повод 7 мај-Денот на полицијата.
Основците се запознаа со работата на полицијата и разговараа со претставник на отсекот за превенција.
Драго ми е што сте дојдени во волку голема бројка. Денеска е 6 мај и ромската популација го слави Ѓурѓовден. Посетата на населба Средорек која требаше да ја направиме денеска е одложена. Овие денови се прават активности по повод 7 мај - Денот на полицијата и ние распишавме конкурс на тема „Учениците и полицијата“ - рекоа од остек за превенција при СВР Куманово.
Некои од учениците доставија и творби кои ги напишале за учество на конкурсот. За возврат полицајците им дадоа скромни подароци на децата.