Мени

Учениците од “Крсте Мисирков“ промовираа мултиетнички проект

15.11.2012 14:36 | KumanovoNews

 По неколку месеци работа и направени работилници со ученици од повеќе националности од ОУ “Крсте Мисирков“ направи презентација за проектот “Разликите се убави - убавината е различна“.

Учениците од “Крсте Мисирков“ промовираа мултиетнички проект

Децата пишуваа литературни творби, цртаа, презентираа елементи од различни култури, а во ходниците имаше знамиња на повеќе држави.

- Децата работеа на усовршување на нивните сличности и разлики. Ние сме училиште кое ја негува мултинационалната структура. Ние имаме 135 ученици Роми, имаме Срби, Власи и останати. Наредниот мал грант ќе биде во нагледни средства за природните предмети. Што се однесува до инфраструктира, болна точка на училиштето се просториите кај Соколана и централниот дел за кои со години аплицираме до Светска банка за реновирање на прозорци и фасада - изјави Александар Саздевски, директор на ОУ“Крсте Мисирков“.

Грантот доделен за овој проект е 160.000 денари, финансиран од програмата за образование на Роми, со поддршка на Фондација отворено општество и Детската фондација Песталоци од Швајцарија.