Учениците од „Магдалена Антова„ ќе ја бојкотираат наставата
06.04.2010 14:17
| KumanovoNews
Советот на родители од основното училиште „Магдалена Антова“ од населбата Карпош, донесе одлука утре да нема настава во училиштето. Причина за бојкот е поради нерешениот проблем со пуштање во употреба на спортската сала „Панко Брашнаров“ за одвивање на настава по физичко образование.
Покрај сите напори на родителите салата да биде предадена во употреба, по дадените ветувања од претставниците на Агенција за спорт и млади, објектот е вон употреба поради техничката дозвола. Сметаме дека дадовме простор за надминување на проблемите, но не се најде позитивно решение и како последна опција е ваквиот начин на кој сме приморани за да се реши проблемот со употреба на спортската сала- се вели во соопштението на Советот на родителите.