Учениците од “Перо Наков“ воодушевени од европските метрополи
Учениците во трета година во Економското училиште “Перо Наков“ деновиве се вратија од петдневна екскурзија која опфати посета на повеќе земји и европски метрополи.
Вкупно 119 деца имаа можност да ги видат знаменитостите и убавините на Виена, Прага, Будимпешта и Белград.
Имавме вечера во Будмпешта, разгледување на градот, крстарење по Дунав. За Виена имавме цел ден да ја разгледаме. Во Прага имавме две ноќевања. На неколку часа ја посетивме и Братислава. Попат на враќање децата ги видоа Нови Сад и Белград. Најмногу беа воодушевени од Маракана стадионот.Тоа беше вистинска еурорија за нив. Ги видоа Кнез Михајлова, Калемегдан. Екскурзијата ја направивме на почеток на годината, затоа што на крај заради екстерното оценување се плашевме да не дојдеме во ситуација екскурзјата да ни биде блокирана - рече Бојана Ивановска, класен раководител.
Борис Ивановски, туристички агент во агенцијата “Јоцо Турс“ што ја организираше екскурзијата вели дека од историски аспект има многу што да се види и научи. Додава дека биле ангажирани три локални туристички водичи.
Се обрнува внимание на старите делови на градот. Во Виена турата почнува од летниковецот, се посетува Белведере, замоците на војводите. Едно место за да се разгледа убаво се потребни три - четири часа. Значаен да се спомене е и Парламентот во Виена. Во Будимпешта сите важни објекти до полноќ се осветлени. Се посетува и мостот во Будимпешта. Во Прага посебна атракција е смената на стражата во 12 часот и тоа туристите го гледаат - вели Ивановски.
Ваква ексурзија се организира секоја година за ученици од трета година во средните училишта. Агенцијата Јоцо-турс уште еднаш ја докажа својата професионалност и квалитет во организирање на туристичките патувања.