Мени

Учениците од Старо Нагоричане почнаа со настава

20.02.2012 12:29 | KumanovoNews

 Учениците од централните и подрачните училишта во Општината Старо Нагоричене денеска се вратија во училишните клупи, по десетневен прекин на наставата.

Учениците од Старо Нагоричане почнаа со настава

Само децата од селото Алгуња не дошле на училиште поради тоа што патот бил нерасчистен. Од останатите села и во ученичкиот дом во селото Драгоманце создадени се сите услови за нормално одвивање на образовниот процес.  

Причина за прекинување на наставата беа временските неприлики кои го зафатија регионот. Изгубените часови ќе се одработат во саботите кога ќе стопли времето.