Мени

Учениците садеа јасенови семки

11.04.2012 14:04 | KumanovoNews

 Учениците од основните училишта во Општината Старо Нагоричене се приклучија кон акцијата „Садница плус“, која денес се реализираше во повеќето градови во земјата.

Учениците садеа јасенови семки

Во акцијата се вклучија и основците од Христијан Тодоровски-Карпош во селото Младо Нагоричене, кои садеа семки за дрвца во саксии, за кои ќе треба да се грижат и никнатите догодина да ги пресадат во дворовите и околината на училиштето. На учениците им се приклучи и градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Акцијата  ја  организира  Здружението  „Ден  на  дрвото - засади ја својата иднина“, а поддржана  е од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика, ЗЕЛС и ЈП Македонски шуми.

За реализација на еко- акцијата „Садница плус„ ЈП  „Македонски  шуми“  обезбеди 600.000 семки за јасен.