Мени

Училишен натпревар по противпожарна заштита

21.11.2012 11:34 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се одржи општински противпожарен квиз за учениците од основните и средни училишта.

Училишен натпревар по противпожарна заштита

Во категорија кадети ќе се натпреваруваат децата од осум основни училишта, а во категорија јуниори ќе учествуваат ученици од пет средни училишта. Натпреварот го организира Општинскиот противпожарен сојуз Куманово, а ќе го следат претседателот и делегат од Противпожарниот сојуз на Македонија.

 Победниците ќе ја претставуваат Општината на регионалното натпреварување.

Почетокот на 28-от квиз во организација на Противпожарниот сојуз на Општина Куманово е во 10 часот.