Мени

Училишен прибор за четириесетина деца

22.09.2014 13:39 | KumanovoNews

Училишни ранци и прибор за шишување добија 40 деца од основно училиште „Бајрам Шабани“, донација од здружението  “Влазниа“ од Куманово.

Училишен прибор за четириесетина деца

Акцијата се спроведува со помош на спонзори, со цел за да им се помогне на децата без родители и децата од социјално загрозени семејства.

Донираме ташни, тетратки, боици, моливи за деца од прво и второ одделение. Ќе бидат опфатени и други училишта од Куманово и од Липково. Ваков вид на активности реализираме за првпат, но позитивно сме изненадени од локалните донатори кои го поддржаа овој проект и добивме поддршка за во иднина да биде уште помасовно и да бидат опфатени повеќе училишта и ученици -изјави Миљази Мустафа, претседател на “Влазниа„.

Донации ќе има за вкупно 230 ученици од училишта во двете општини.