Мени

Училиштето во Студена Бара чека реновирање

10.10.2014 12:10 | KumanovoNews

Дваесетина ученици во подрачното училиште “Браќа Миладиновци“ во село Студена Бара настава изведуваат во стар и дотрајан објект.

Училиштето во Студена Бара чека реновирање

Директорката на училиштето Марина Манојловска вели дека секаде каде имаат можност аплицираат за грантови и во наредниот период ќе се ангажираат генерално за подобрување на условите во подрачните училишта.

“Чувствувам одговорност не само за Студена Бара туку и за сите подрачни училишта. Со месното население, родители го оградивме училиштето, направивме стази, варосавме. Секој поголем зафат чини. Сите можности по основ на грантови во државата ние ги користиме. Не само за Студена Бара, туку и за Пчиња треба реновирање“- објасни Манојловска.

Таа ги повика и родителите да се активираат, да соработуваат со училиштето и да се подобрат условите со помош на грантови.