Угостителите со продолжено работно време во лето
02.06.2015 13:33
| KumanovoNews
Во летниот период се пролонгира работното време на угостителите за еден час повеќе.
Согласно член 23 од Законот за угостителска дејност, работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови , како и периодот од 1 јуни до 31 август можат да работат од 7 часот до 1 часот наредниот ден, информираат од Државниот пазарен инспекторат.
Угостителските објекти -дискоклуб и дискоклуб на отворен простор можат да работат од 20 до 5 часот наредниот ден , во деновите петок и сабота , спроти празнични денови и празнични денови , како и периодот од 1 јуни до 31 август.