Украл броило од зграда и го монтирал во викендичка
07.07.2015 11:53
| KumanovoNews
А.А.(20) од Куманово украл електрично броило од зграда и потоа го монтирал во викендичка.
Тој на почетокот на 2012 година, броилото го украл од зграда на улица „Народна револуција“ и го монтирал и го приклучил на електрична мрежа во својата викендичка на Пчински пат. И.И.(48) од село Лојане, вработен во ЕВН Македонија во февруари истата година иако знаел дека броилото е украдено, изготвил работен налог со невистинити податоци, го потпишал налогот и незаконски го регистрирал како да е корисник и како броилото да се наоѓа на локацијата каде е украдено.
Против А.А. е поднесена кривична пријава за тешка кражба, а против И.И. за помагање, злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на службена исправа.