Улицата Карл Маркс еднонасочна?
19.10.2012 06:54
| KumanovoNews
Советникот од ДПА, Халил Курштини на вчерашната седница на Советот праша до каде е постапката и кога улицата “Карл Маркс“ која поминува до ОУ “Барјам Шабани“ ќе стане еднонасочна.
Тоа ќе се реши во соработка со МВР. Треба да се согледа постојната состојба и да се набават сообраќајни знаци. До 1 ноември можно е да се отпочне со работа - одговори Лидија Ланг од Секторот за урбанизам во Општина Куманово.
Поради голем сообраќаен метеж и за поголема безбедност на пешаците се практикува еднонасочен сообраќаен режим на повеќе улици во централното градско подрачје.