Улична анкета за управување со отпад во Куманово
04.09.2014 11:00
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад утре од 11 до 14.30 часот ќе се спроведе улична анкета за управување со отпад.
Анкетата е дел од проектот „Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на влијанијата врз животната средина во Источниот и Североисточниот регион“ кој е финансиран од Европската Унија. Се повикуваат граѓаните да учествуваат во уличната анкета и да го кажат своето мислење со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.
Ваква анкета успешно беше реализирана во Куманово во јануари 2014 година.
Во петок на истите прашања за животната средина ќе одговараат и штипјани.