Мени

УМС организира трибина за безбедност во сообраќајот

26.09.2014 11:28 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 20 часот ќе се одржи трибина на која ќе се говори за безбедноста во сообраќајот.

УМС организира трибина за безбедност во сообраќајот

Трибината ја организира Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ и со ова тие се приклучуваат на кампањата на Владата насловена како „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.

Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за безбедноста во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.