УНИТ бара нов закон за стечајците
Стечајните работници членови на здружението УНИТ денеска го \nблокираа излезот на Куманово, со барање да се изгласа нов закон \nкој ќе ги обештети сите стечајци.
Претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска тврди дека предложениот закон не ги дал очекуваните резултати и наместо 3000 луѓе, обештени се околу 1700 поранешни работници.
Тоа е уште еден манипулативен закон, уште едно делење на вакви и онакви стечајци, а сите сме останати не по своја вина без работа. Мислам дека е време, по 15 години одење по улица Владата да седне и со еден закон да го реши ова горчливо прашање со што ќе ги опфати сите категории на стечајни работници и ќе се заврши нашата голгота“- изјави Георгиевска.
Барањата на стечајците ги подржа и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој дојде на протестот.
Овие луѓе се дел од нашето семејство на сите граѓани на Република Македонија. Сметам, по толку долга борба треба да се стави точка, да се седне без политички препукувања, да се направи социјална правда, бидејќи оваа група од луѓе од болести и различни причини се намалува“ - рече Дамјановски.
Движење за социјална правда “Ленка„ и претставници на Хелсиншки комитет, кои протестираа со стечајците, сметаат дека градоначалникот му даде политичка боја на протест, кој беше замислен како граѓански.
Тие што сега дојдоа, ќе си одат и за нив е завршена работата. Упатуваме апел и бараме од Владата конечно да ја реши голготата на овие луѓе, бидејќи не е важно од која партија се, од која националност, вера. Ако си човек ќе ги решиш проблемите, ако не си нема да ги решиш“ - кажа Петар Чуриќ од “Ленка“.
Стечајците од повеќе градови во Македонија денеска протестираат и го побараа месечен надомест од 6000 денари се до ново вработување или пензионирање.