Управители на станбени згради по судски налог
Во Куманово ќе има стотина регистриран Заедници на сопственици, а останатите ќе добијат управители по судски налог.
Во Централниот регистар во Куманово десега се регистрирани 40 Заедници на сопственици, а шеесетина поднеле документи и во тек е постапка за нивно регистрирање.
Согласно измените на Законот за домување, оние згради каде нема определен управител или регистрирана заедница на сопственици, нема да се казнуваат, туку на барање на овластениот инспектор за домување во општинате ќе биде назначен управител од страна на судот во вонпарнична постапка, избран од регистерот на управители на станбените згради.
Ова е правен и европски начин да се уредат меѓусебните права и обврски на станарите во стамбените згради. Поднесените пријави во текот на неделата ќе бидат формализирани согласно законската регулатива - изјави Игор Божиновски, раководител во Централниот регистар Куманово.
Проверките од инспекторите за домување на станбените згради ќе започнат од денеска.
Управител или регистрирана заедница на сопствените согласност Законот треба да има секоја станбена зграда во која има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сметајќи ги и становите и деловните простории, односно дуќаните.
Од Регулаторната комисија за домување до сега се издадени вкупно 10 лиценци за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради.