Мени

Утре и задутре УВ индекс 9

06.07.2015 13:01 | KumanovoNews

Утре и задутре УВ индексот ќе биде 9 и се препорачува граѓаните да не се изложуваат подолго време на сонце, советуваат од УХМР.

Утре и задутре УВ индекс 9

Температурите утре ќе се искачат до 38, а во четврток во јужните делови на земјата ќе има и температури до 40 степени.

Во вторник УВ индексот ќе биде 9 и тоа треба сериозно да се сфати. Кога сонцето ќе биде највисоко, во најтоплиот дел до денот да не се излегува на сонце. Во четврток УВ индексот ќе биде 8, а во петок 7 - вели Борис Секирарски, синоптичар во УХМР.

Наоблачување и пад на температурите за 3 до 4 степени се очекува во четврток попладне.