Утре крводарителска акција
09.05.2012 08:09
| KumanovoNews
Во Клубот на ветерани, односно во просториите на резервните воени старешини, утре од 11 до 14 часот ќе има акција за дарување на крв.
Се повикуваат сите хумани работници, граѓани, ученици да и дадат поддршка на оваа акција и да даруваат крв.
Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребен за лекување на болните и повредените. Да даруваме крв денес , затоа што утре можеби на нас ќе ни треба- со оваа порака организаторите им се обраќаат на граѓаните.
Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст и Здружението на ветерани.