Утре почнуваат уписите во средните училишта
13.06.2012 08:57
| KumanovoNews
Во Куманово и Липково има 2146 слободни места за престојната 2012 / 2013 учебна година.
Во Гимназија “Гоце Делчев“ ќе бидат примени 408 ученици во 12 паралелки.
Во Гимназија “Сали Фрашери“ ќе бидат запишани 8 паралелки со 272 ученици. Во Земјоделското училиште “Киро Бунраз“ има 476 места за 14 паралелки.
Во Економското “Перо Наков“ ќе бидат примени 646 ученици во 19 паралелки. Исто толку паралелки ќе бидат формирани и во Техничко училиште “Наце Буѓони“ каде има 616 слободни места за прием на средношколци.
Во средното општинско училиште “Исмет Јашари“ има 136 места , односно 4 паралелки.
Првиот уписен рок има две пријавувања, а вториот уписен рок ќе биде на 27 и 28 јуни. Третиот уписен рок е закажан за 16 август.