Мени

Утре се слави Голема Богородица

27.08.2010 11:56 | KumanovoNews

  Традиционално во манастириот „Забел„ и „Карпино„ ,цркавата во Младо Нагоричане и населбата Карпош се организираат гоелми народни собири.

Утре се слави Голема Богородица

 Големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица„ во народот позната како „Голема Богородица„ утре се слави во сите православни храмови. Традиционално во манастириот „Забел„ и „Карпино„ ,цркавата во Младо Нагоричане и населбата Карпош се организираат гоелми народни собири. По 11 пат во населбата Карпош со почеток во 19 часот ќе се одржи свечена прослава пред Крстот, кој беше поставен во 2000 година, а од тогаш се слави овој ден. На повеќе семејства овој ден им е домашна слава.

Според Црквата овие два дена се одблежува упокојувањето на Пресвета Богородица, која родена со молитва и посветена на Бога, уште како дете ги остава своите родители и заминува во ерусалимскиот храм. По вознесувањето на Господ Исус, Христос, Пресвета Богородица живеела кај „Св.Јован Богослов„, молејќи се што поскоро да се пресели на небото кај нејзниниот син. Третиот ден по упокојувањето, Пресвета Богородица воскреснала и со телото била вознесена на небото.