Мени

Вандали ги кршат клупите на кеј

03.09.2014 12:20 | KumanovoNews

Вандали во доцните вечерни часови ги кршат клупите и ја уништуваат урбаната опрема на Градски кеј.

Вандали ги кршат клупите на кеј

Советничката од НСДП, Сунчица Јосифова на денешната седница на Советот на општина Куманово го потенцираше овој проблем и праша дали ќе се преземат мерки за замена на искршените клупи.

Градскиот кеј е едно од најубавите места во градот и луѓето го користат за прошетка и релаксирање.  Дали се планира старите клупи да се заменат со нови? По  моја информација таму има ноќен чувар. Дали се размислува за дополнително уште еден човек или да се постави видео надзор ако не е тоа скапа инвестиција? - праша Јосифова.

Градоначалникот Зоран Дамјановски објасни дека опремата на кеј во неколку наврати е санирана, но вандали навечер ги оштетуваат клупите и корпите за отпадоци.

Оваа година доцниме со санација од разбирливи причини. Можеби би било попаметно тоа да го направиме по Нова година ,  напролет затоа што во зима може да дојде до оштетувања. Кај Туш имаме видео надзор и се надевам дека ќе продолжиме и накај кејот - рече Дамјановски.

Тој потенцираше дека граѓанската совесност е најважна за да се надмине овој проблем.