Мени

Ваши Писма: Младите и спортот во „Европско Куманово„

22.05.2012 10:51 | KumanovoNews

 Европско Куманово, еден од најчесто употребувани термини на локалната самоуправа во Куманово, сонот кој никако да стане реалност за нас младите.

Ваши Писма: Младите и спортот во „Европско Куманово„

Она што нас најмногу не интересира е спортот кој ќе не обедини, ќе ни го покаже вистинскиот пат за водење на квалитетен и здрав живот.

Ова, „Европско Куманово„ на нас младите ни остава простор да се обединиме со алкохолот, дрогата и насилството, наместо креирање на простор за развој и подршка на креативноста, иновативноста, едукација и сл.

Според мене, ако сакаме да живееме во Европско Куманово тогаш треба да погледнеме околу нас и да започнеме со реформите во спортот. Спортот е оној кој ќе не обедини, кој ќе не направи горди и достоинствени, кој ќе ни го покаже патот за здрав и квалитетен живот.

Спортот е нашата основа, база која ќе ни биде пример за спроведување на низа други реформи. Како пример треба да ни бидат ракометарите и кошаркарите, кои ја соединија оваа нација, не направија уште погорди и подостоинсвени, не мотивираа сите да го прифатиме спортот како еден од механизмите за водење здрав живот. Здравјето и живот пред се, во здрав дух, здраво тело, здрава нација и држава.

Во Куманово, ние младите може само да сонуваме за било кој вид на спорт. Во Куманово имаме една спортска сала која е руинирана, како од времето на Првата светска војна а ништо подобар не е ни стадионот.

Срамно е да се споменат бројки за изградени мини игралишта, но уште посрамно е да се видат веќе постојните квази игралишта.

Кога ќе погледнеме во другите градови од Македонија колку вложуваат во спортот, како ги мотвираат младите и оние кои не спортуваат наликуваат на спортисти, едноставно прекрасно е да се види и почуствува сето ова.

Сашо Блажевски