Ваши писма: Паралелни сојузи ја тресат фудбалската мрежа во Куманово
Во врска со Вашиот натпис од 24.08.2012 година, „Ќе се бираат парови за општинска фудбалска лига„ го давам следново објаснување на ситуацијата во Општинскиот Фудбалски Сојуз Куманово.
Во тој сојуз каде што Речица минатат сезона стана првак се натпреваруваа следниве екипи:Речица, Табановце, Борец, Четирце, Козјак, Лопате, Орашац и Куманово 2005. Победникот Речица нема да се натпреварува во повисок ранг како што изјавува вашиот соговорник. И оваа сезона повторно ќе се натпреварува во општинска лига Куманово, а зошто е тоа така прашајте го Вашиот соговорник да Ви даде одговор.
Во вториот паралелен сојуз кој беше признаен од страна на тогашното раководство на ФФМ, екипите се натпреваруваа во две групи и тоа: една група ја сочинуваа Гоблен, Победа, Зебарњак, Бистрица, Клечовце, Јуниор и Шампиони. Во втора група се натпреваруваа следниве екипи:Македонија , Слога, Лирија, Режановце, Костурник и Војиновиќ. Во првата група екипата на Гоблен како прво пласирана и Бистрица како второ пласирана екипа играа бараж за добивање на победник во општинска лига Куманово со прво пласираната екипа Војиновиќ од втората група и Македонија како второ пласирана екипа. Баражот се одигра на игралиштето на екипата Јуниор во село Доброшане, а победник стана екипата на ФК "ГОБЛЕН" од Куманово и се стекна со право да учествува во бараж натпревари за пополнување на трета лига север и истата одигра бараж средба во Скопје со екипата на Сарај. Екипата на Гоблен се стекна со право од оваа сезона 2012/2013 година да се натпреварува во трета лига север. Информацијата можете да ја проверите на macfudbal.com и сами ќе се уверите за оваа што го пишувам, бидејчи таму се објавени сите резултати и табела.
Понатаму паралелниот сојуз како го нарекува Вашиот соговорник во среда на 22.08.2012 год. во просториите на ОФС Куманово одржа договорен состанок за отпочнување на новата сезона 2012/2013 година и на истиот состанок присуствуваа преставници на следниве екипи:Зебарњак, Клечовце, Бистрица, Јуниор, Шампиони, Македонија, Слога, Лирија, Војиновиќ, Победа, Режановце и како ново формирани екипите на Студена вода и Куманово 2012. Оваа опција што ја нарекуваат паралелен сојуз уште ја подржуваат екипите на Гоблен, Карпош 93 и Башкими кои се натпреваруваат во трета лига север, екипите на Пантер, Евроспорт и Младост који се натпреваруваат во младинска лига и екипите од футсал Куманово 1903, Биџо и Ројал Илирет, кои се натпреваруваат во прва македонска футсал лига. Ве молам нека каже Вашиот соговорник кои екипи биле кај нив на состанокот, ако биле зошто не ги истакне јавно кои се.
Што се однесува до тоа како функционира општинска лига и тука Вашиот соговорник не Ви објаснил најдобро. Општинската лига се игра во двокружен систем и тоа: есенски и пролетен дел, доколку се две групи исти по ранг на крај од сезона се играат бараж средби за добивање на победник. Никогаш во општинска лига не се играл трокружен систем како што вели Томовски. А нормално еден сојуз да функционира мора да има и одредени комисии, ама ако добро го сватив Томовски тие изгледа имаат само дисциплинска комисија која на нив им е најбитна да ги казнуваат оние сто не се истомисленици како нив. За Ваша информација како што пишував до сега и оваа година ќе има паралелен сојуз без разлика на тоа што некои одредени спортски работници се казнети како што вели Томовски. А како можат да казнуваат некого без да го сослушаат? Тоа го нема во ниедна институација па и во нашава фудбалска. Во дисциплинскиот правилник многу добро стои дека против секого што ќе биде покрената дисциплинска постапка мора истиот да биде сослушан или да даде писмена изјава. Ама стручниве лица од дисциплинска комисија така на своја рака изрекле дисциплинска мерка исклучување од фудбалот и истата одлука ја доставувале без да биде заведена и без печат од ОФС Куманово по пошта во обично писмо. Ве задолжувам Вас да побарате од Томовски да Ви даде еден примерок и да го објавите за да види јавноста во Куманово како работат тие.
Со почит,
Синиша Цветановски
Претседател на Иницијативен одбор
за промени во ОФС Куманово