Мени

Ваши писма: Спортисти во циркус, а кумановци во Сафари

01.06.2012 12:15 | KumanovoNews

 Кловнови и жонглери, мајмуни и слонови - Циркусот пристигна и во Куманово.

Ваши писма: Спортисти во циркус, а кумановци во Сафари

  Се прашувам, зарем нема друго место за циркуси па „Сафари„ се смести на спортски терен?

Не знам, но јас воопшто не се чуствувам како да сум на Сафари, напротив се чуствувам како кловен кој наместо да игра кошарка, да жонглира фудбалска топка ќе аплаудира на жонглери, мајмуни и слонови.

Ова што ни се случува во спортот е вистинска циркусијада, маскирани спортски терени со можност да бидеш вистински спортски коловен.

 Поставени се кошеви во населбата Гоце Делчев и ОУ Крсте Мисирков, а каде е Соколана и Спортската Сала? Убаво е да се сликаме и фалиме за поставени два до три коша, но верувајте уште поубаво би било кога за ова вистински ќе има можност за спортување. Каде се младите од селата, зарем тие немаат право да спортуваат, секој има право да спортува и да се рекреира. Едно тениско игралиште, една атлетска патека, едно училиште доби дури и спортска сала, неколку кошеви за период од памтивек.

И за крај, еве едно нешто со кое наместо да политизирате може малку да се рекреирате - Размислувајте и делувајте како да ги мотивирате младите да спортуваат и како да го афирмирате Куманово како спортски град.

Сашо Блажевски