ВАШИ ПИСМА: Во Куманово имало меѓународни фудбалски натпревари
Заради пообјективно и попрецизно информирање на граѓаните на Куманово, би било во ред доколку ја корегирате информацијата дека 15 години се нема одиграно меѓународен натпревар во фудбал во Куманово.
Ова особено што вљубениците во фудбалската игра во Куманово го паметат натпреварот помеѓу младите селекции на Македонија и Швајцарија 2007 година во рамките на квалификациите за Европското првенство. Тогаш Македонија ја совлада Швајцарија со 2-1, Македонија не се квалификуваше за Европското првенство, на истото отиде Швајцарија. Исто така се сеќаваме дека услов за да се одигра натпреварот беше трибината да се покрие со места за седење, беа поставени столчиња на трибините, а и пристапниот пат до стадионот беше асфалтиран. Тој ден беше празник на фудбалот во Куманово. Исто така паметиме и неколку натпревари на ФК „Башкими„ во европските фудбалски купови токму од тој период.
Драган Митевски
p.s. Од надлежните во кумановскиот спорт вчера беше речено дека во последните 15 години во Куманово се нема одиграно меѓународен фудбалски натпревар. Ние само ја пренесовме информацијата.
Кумановоњуз