Мени

Вечер се чека Стара нова година

13.01.2010 13:18 | KumanovoNews

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиoт календар вечер ќе ја пречекаат православната Нова година, која почнува утре на Василица.

Вечер се чека Стара нова година

Во повеќето ресторани и кафеани во градот се организира свечен пречек на Новата година со познати  пејачки имиња и групи. Традиционално вечерва во Куманово ќе се оржи и Српска вечер. Едната ќе биде во ресторанот „Лав“ каде посетителите ќе ги забавува пејачката Мира Шкориќ, а втората во ресторанот „Грација“ ќе пее Драган Којиќ - Кеба.