Мени

Велигденски хуманитарен базар за „Порака наша“

08.04.2015 14:07 | KumanovoNews

Во трговскиот центар „Сума“ денеска се одржа Велигденски базар, за помош на корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Порака наша“.

Велигденски хуманитарен базар за „Порака наша“

Учениците од „Наце Буѓони“ и вработени во „Порака наша“ продаваа рачноизработени велигденски украси, а собраните средства ќе бидат потрошени за набавка на храна за Дневниот центар.

Тие средства ќе ги потрошиме за купување на храна, бидејќи храната во Дневниот центар директно доаѓа од донации. Немаме средства постојано, туку буквално зависиме од тие донации. Поради тоа се одржуваат вакви продажби кога ќе најдеме повод за тоа. Имаме листа на редовни донатори, кои секој месец на одредени датуми донесуваат тоа што е потребно - изјави Мартина Костовска, психолог во “Порака наша“.

Костовска вели дека последниот месец имаат два до три нови донатори, но освен храна потребни се и други средства и материјали за да функционираат како што треба.