Велики Петок неработен за православните верници
01.04.2010 08:57
| KumanovoNews
Утре, Велики Петок е неработен ден за сите верници со православната вероисповед, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Државниот празник Велигден, кој се прославува на 4 април, недела, за неработен ден се прогласува Вториот ден Велигден, односно 5 април 2010-та година (понеделник). Овој ден е неработен за сите граѓани на Република Македонија.