Вентилите на ситемот на дофат и необезбедени
Од Водостопансво „Кумановско- липковско поле„ не ја отфрлаат можноста вентилите на главниот цевковод да ги затворил некој без знаење на двете претпријатије, бидејќи тие се незаштитени и необезбедени.
Директорот Филип Филиповски на денешната средба со новинарите откри дека до вентилите може да дојде кој сака, поради тоа што се наоѓаат на отворен простор, поради што мината недела побарал од МВР поголема заштита на имотот на Водостопанство.
Хидротехничките објекти се изградени пред 50 години. Тие се стари и со години не се сервисарани, а нема ни обезбедување. Тие стојат на отворено и се наоѓаат во поле. Може било кое лице да дојде и да изврши намалување на дотур на вода или целосно затварање. Тие објекти се управуваат и контролираат од вработените на Водостопанство, меѓутоа немаме физичко обезбедување затоа што ние имаме 160 километри каналска мрежа и многу изливни места. Во петокот на моја иницијатива беше организирана работна средба со полицијата, и побаравме граничната полиција и полициската станица Матејче да ги обезбедуваат, набљудуваат и контролираат, бидејќи нашите хидро-градежни објекти се од витално значење за функционирање на хидро-системот Липково- Глажња. На таа средба се договоривме МВР и екипи на Водостопанство заеднички да вршат конрола на најзначајните капитални објекти Липково и Глажња за да бидат заштитени- рече Филиповски.