Мени

Ветераните умеат и да се веселат

31.12.2014 13:56 | KumanovoNews

Кумановските воени и полициски ветерани расположени и весели ја испратија старата 2014 година и си посакаа многу среќа, здравје и успешни активности и во новата 2015 година.

Ветераните умеат и да се веселат

Во годината што ја оставаме зад нас реализиравме содржајна програма на планот на нашата подготвеност да застанеме во редовите чување на нашата татковина секогаш кога тоа ќе биде потребно, а задоволни сме и од остварувањата во задачите од областа на општествениот живот во Општината како што е одбележувањето на сите значајни датуми и настани од борбеното минато на Куманово“ - раче потпретседателот на ЗАПВАРС-Куманово Љупчо Спасовски наздравувајќи им на колегите на Здружението на новогодишната веселба.