Мени

Ветеринари собираат кучиња скитници

23.07.2012 11:40 | KumanovoNews

Последниве три недели ветеринарите од Ветеринарно сточарски центар “Тодор Велков“ во Куманово ги ловат кучињата скитници во централното градско подрачје.

Ветеринари собираат кучиња скитници

Акција за собирање на кучиња скитници има еднаш неделно. Дел од кучињата се носат во стационарот во село Четирце, а другите се во стационарот во дворот на ветеринарната станица.

По процедура дел од куќињата се вакцинираат, се успиваат или се кастрираат, а некои ги враќаме назад. Апелираме до газдите кучињата да ги држат врзани во двор, затоа што ние не ги разликуваме од бездомните кучиња. Имаше неколку случаи домашни кучиња беа уловени. Ќе дојдат сопствениците, ќе платат, ние ги пуштаме, а гратис имаат и вакцинација. Сите кои сакаат да вдомат куче можат да дојдат кај нас. Досега тројца луѓе земаа и тоа мали кучиња. Кучињата на улица се гладни и обично не се опасни - вели Димитар Венев од Ветеринарно сточарски центар “Тодор Велков“.

Досега се собрани педесетина кучиња скитници. Акции за собирање на кучињата од улица ќе има цела година.