Мени

Вежби за прва помош во „Киро Бурназ“

12.09.2014 14:01 | KumanovoNews

Во средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ волонтери од Црвен Крст денеска вежбаа да укажуваат прва помош.

Вежби за прва помош во „Киро Бурназ“

Под мотото “Биди херој, спаси нечиј живот“ на овој начин го одбележаа 13 септември - Светски ден за прва помош.

Главната порака е дека првата помош спасува живот во итни состојби и дека секој и секаде може да биде херој. Несреќата голема или мала, природна или предизвикана од човекот може да се случи во секое време и може да го погоди секого. Знаењето и брзата акција за време на криза може да направи разлика помеѓу животот и смртта - вели Ива Младеновска, координатор по прва помош во Црвен Крст Куманово.

Треба да се подигне свеста дека учениците, возачите и вработените треба да знаат како се укажува прва помош.