Викендичките на Пчински пат ќе добијат вода
28.04.2010 08:40
| KumanovoNews
Жителите на куќите и викендичките лоцирани на патот кон селото Пчиња, наскоро ќе бидат приклучени на градската водоводна мрежа. Во тек се градежните работи на ЈП „Водовод„ за изградба и поставување на цевковод во должина од 800 метри.
Има голем интерес од страна на граѓаните поради што постои можност и мрежата да биде продолжена. Овој дел од градот досега имаше привремени приклучоци на пластични црева, но со овој наш потег ќе се реши нивниот повеќегодишен проблем- вели директорот Виктор Божиновски.
Tрошоците за изградбата на водоводот ќе го покријат по пола граѓаните и јавното претпријатие.