Високи температури не очекуваат неделава
20.08.2012 07:33
| KumanovoNews
Куманово во наредните пет дена ќе биде зафатено со високи температури.
Денеска максималната дневна температура ќе биде 35 степени. За утре метеролозите прогнозираат температури до 37 Целзиусови степени. Во среда и четврток максималната температура ќе биде 39 степени, а ден потоа , во петок не очекуваат 38 степени.
Утринските температури ќе се движат од 17 до 19 степени.